Комисијата на ПССЕ препорачува нов мониторинг за Унгарија

Од:

Комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за следење на обврските членки на Советот на Европа препорача отпочнување нова „процедура за мониторинг“ на Унгарија, изразувајќи длабока загриженост поради „ерозијата на демократската рамнотежа меѓу различните власти“ што произлегува од новата уставна рамка во земјата., јави дописникот на МИА од Стразбур.

Во мислењето усвоено во Стразбур, Мониторинг комисијата ја потврди „загриженоста“ за начинот на кој Унгарија ги исполнува обврските што ги презеде со зачленувањето во Советот на Европа, односно почитувањето на највисоките норми во областа на демократијата, човековите права и владеењто на правото.

Во мислењето на Мониторинг комисијата се наведенува дека „Уставот на Унгарија и законите кои беа усвоени набрзина и на нејасен начин, не се втемелени на еден поширок консензус меѓу најголемиот број на сили кои ја сочинуваат политичката сцена“.

Комисијата натаму оценува дека постои „прекумерната употреба на законските одредби“ што покренува широката серија на прашања кои можат да им штетат на демократските принципи, како и дека актуелната владина коалиција го користи двотретинското мнозинство во Парламентот за самоволно спроведување на уставните реформи;

Постојаното менување на Уставот се прави во интерес на теснопартиските политички интереси, смета Комисијата. Комисијата исто така жали поради усвојувањето на четвртиот амандман на Уставот, наспроти спротивното мислење на меѓународните партнери на Унгарија, кои го оценија како неприфатливо и кој содржи одредби кои претходно беа прогласени за противуставни или спротивни со европските принципи и притоа беше побарано значајна промена на повеќе закони недоамна усвоени.

Членовите на Мониторинг комисијата на ПССЕ наведуваат дека секое од наведените прашања самото по себе е сериозно во однос на демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права.

Она што всушност загрижува, според Мониторинг комисијата, е тоа што со реформите се има за цел да се воспостави политичка контрола на најголемиот број државни институции, со што се слабее системот на политичката рамнотежа.

Бирото на ПССЕ е тоа што треба да реши дали ќе биде повторно отворен мониторинг за Унгарија, по што земјата би се нашла на дневен ред на пленарна сесија.

Би можело да ве интересира

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта

Во Охрид во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада

ВИДЕО: Се излеа Дунав во Унгарија, водата дојде до парламентот во Будимпешта

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

ЕУ ја предупреди Унгарија: „Вашиот потег е безбедносна закана“