Директорката на кумановската болница позитивна на коронавирус

Од:

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19.

– Позитивен резултат од тестот за САРС-КоВ-2. Без маска само дома, пет месеци работа-дома, но имунитетот попушти. Хроничниот стрес и премореноста си го направија своето. Чувајте се. Инаку, тестот го направив вчера напладне, благодарност до МАНУ за брзиот резултат, напиша Захариева.

Од почетокот на пандемијата во кумановската општа болница беше заразен поголем дел од здравствениот персонал. Одделенијата работеа со редуциран кадар, доаѓаа лекари од други градови. Состојбата по извесен период се стабилизираше.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски