Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев попладнево е уапсена во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдуваат за „А1он“ од МВР. Оттаму велат дека таа е спроведена во државен карантин, а ќе биде известен и јавен обвинител.
„На базен во Гевгелија, не придржувајќи се до одлуката на Владата и до решението за самоизолација од државен санитарен и здравствен инспекторат, а поради постоење на сомневање дека е сторител на казниво дело по чл.205 и чл.206 од Кривичниот законик, лишено од слобода е лицето А. Г (31) од Гевгелија. По комплетирање на настанот, за лицето ќе биде изготвена соодветна кривична постапка“, велат од МВР за „А1он“.
Неофицијално, Накова од Гевгелија ќе биде спроведена во државен карантин во Скопје.