Трамп најави „грандиозен“ огномент во чест на 4 јули

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави спектакуларен огномет над Вашингтон и ги повика Американците заедно да го прослават Денот на независноста.

Од Белата куќа најавија дека група на волонтери ќе раздаваат 300 илјади заштитни маски, но и дека нивното носење нема да биде задолжително.

Од друга страна, градоначалничката на Вашингтон, демократката Мјуриел Баузер апелираше граѓаните да останат дома како би избегнале големи собири поради опасноста од ширење на вирусот.

Taa истакна дека прославата не ги почитува главните здравствени препораки како избегнување масовни собири и држење физичка дистанца.

Претседателот и првата дама, Меланија Трамп, ќе ги предводат празничните настани што годинава ќе се одвиваат во јужниот тревник на Белата куќа, и соседниот голем овален тревник. За огнометот, властите на САД изјавија дека ќе биде еден од најграндиозните од сите што досега се оддржале во чест на 4 јули.

Сепак, стравувањата се големи поради наглиот пораст на нови инфекции во земјата во пресрет на празникот, кога Американците обично слават со масовни собири придружени со огномети во локалните заедници и градовите.

Во изминатите 24 часа во САД беа забележани рекордни 50.000 нови случаи на коронавирус.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он