Новинарите и медиумските работници ќе добијат бесплатни тестови за коронавирус

Од:

Министерството за здравство соопшти дека на барање на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за новинари и медиумски работници за Ковид – 19.

Во последниот период новинарите и медиумските работници кои известуваат на терен за активностите на учесниците во предвремените парламентарни избори, поради зголемениот обем на работа, се дополнително изложени на вирусот Ковид – 19. Освен тоа, во ЗНМ беше пријавено дека во дел од националните медиуми има нови позитивни случаи на заразени новинари и медиумски работници, но и колеги кои се сомневаат дека се заразени, велат од Министерството.

„Поаѓајќи од тоа, но и од потребата да се даде приоритет на новинарите и медиумските работници ќе се спроведе скрининг во два круга. Во првиот круг ќе бидат опфатени новинари и медиумски работници од информативните програми од поголемите медиуми, со цел да се утврди дали и колку од вработените се заразени. Ова ќе придонесе да се спречи ширење на болеста во овие редакции каде има поголем број на лица кои работат во исто време во ограничен простор. Според првичната проценка, целта е да се опфатат најмалку 500 новинари и медиумски работници во првиот круг во период од 3 дена, а во зависност од исходот на ова соодветно ќе се планира временската рамка и начинот на спроведување на скринингот и во вториот круг,“ соопштија од Министерството за здравство.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот во март, двајца медиумски работници починаа како резултат на компликации од Ковид-19: пред неколку дена, почина долгогодишниот снимател на МРТ Шенол Ахмети,а пред околу еден еден месец, битката со коронавирусот ја загоуби 44-годишниот Беким Бајрамоски, вработен во локалната телевизија „Спектра“ во Лабуништа.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ