ВИДЕО: Голем пожар го зафати грчкиот остров Хиос, избегната евакуација

Од:

Противпожарните служби со возила, авиони и хеликоптери и со помош на волонтери попладнево успеаја да го стават под контрола големиот шумски пожар на грчкиот остров Хиос, без да биде потребно да се евакуираат селата што се во непосредна близина, објавија локалните медиуми по долготрајната борба.

Според извештаите, пожарот избил утрово во шума меѓу две села, а со оглед на тоа дека огнените јазици во еден момент стигнале на сто метри од куќите, локалните власти биле подготвени, а месното население известено, дека ќе се изврши евакуација доколку е потребно.

Како што соопштија од Противпожарната служба на Грција, во гаснењето на пожарот учествуваат 27 пожарникари со девет возила, еден пешадиски тим, два хеликоптера и два противпожарни авиона.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

Пожар во фабрика за производство на погонски системи за ракети во Србија

Горан Наумовски

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес