На бугарско-грчкиот граничен премин Промахонас-Кулата, од страната на Бугарија попладнево и натаму пристигнуваат автомобили со српски туристи, откако во 10:30 утринава Грција без најава го затвори граничниот премин Евзони за патниците од Србија и практично ги пренасочи кон Бугарија.
Од грчка страна информираа дека српските туристи може да влезат во Грција преку Бугарија, па на граничниот премин Кулата попладнево се создала колона возила долга неколку километри, откако ѝ се приклучиле и голем број бугарски и грчки туристи кои во текот на денот тргнале кон граничниот премин, информираат локалните медиуми.
Портпаролот на Владата на Грција, Стелиос Пецас, изрази надеж дека постепено ќе се укинуваат ограничувањата.
Тој истакна дека Грција е „подготвена за справување со можни случаи на коронавирус за време на сезоната и додаде дека сигурно ќе постојат заразени лица, но и дека нивниот пристап вниманието ќе биде насочен кон спречување на ширењето на пандемијата.
Српските туристи јавуваат дека од полноќ до утринските часови без проблем влегувале во Грција преку граничниот премин Евзони, по што во 10 часот и 30 минути информираат дека повторно биле враќани од границата.
„Само што добивме известување дека од овој момент граничниот премин Евзони е повторно затворен до понатамошно известување. Влез во Грција е возможен само преку Бугарија и граничниот премин Промахонас“, додаваат тие во соопштението.
Од граничниот премин „Богородица“ ја потврдуваат одлуката на нивните колеги од спротивната страна и велат дека ваквата одлука ќе се применува најмалку до 15 јули.
За транзитниот товарен сообраќај нема пречки кон Грција.