Без најава Евзони повторно затворен за влез во Грција

Од:

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денеска, но сепак, по краток временски период овој граничен премин беше затворен, јави РТС.

Иако беше кажано дека граѓаните на Србија кои сакаат да одат на море од денес, ќе можат да стигнат до Грција по пократок пат, преку нашата земја, фејсбук-групата Nikana.gr објави дека Евзони е повторно затворен.

Српските туристи јавуваат дека од полноќ до утринските часови без проблем влегувале во Грција преку граничниот премин Евзони, по што во 10 часот и 30 минути информираат дека повторно биле враќани од границата.

„Само што добивме известување дека од овој момент граничниот премин Евзони е повторно затворен до понатамошно известување. Влез во Грција е возможен само преку Бугарија и граничниот премин Промахонас“, додаваат тие во соопштението.

Од граничниот премин „Богородица“ ја потврдуваат одлуката на нивните колеги од спротивната страна и велат дека ваквата одлука ќе се применува најмалку до 15 јули.

Друго образложение од грчка страна до овој момент нема, освен што на патниците и туристите кои од денеска може да патуваат за Грција им се препорачува за влез во Грција да ги користат граничните премини преку Бугарија.

За транзитниот товарен сообраќај нема пречки.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски