Околу петстотини туристи од Чешка пристигнаа со првиот воз на хрватската ривиера, а најголем дел од групата одлучила да престојува во Опатија, јавуваат хрватските медиуми.
Од денес, хрватските гранични премини се отворени за странски туристи откако властите во Загреб донесоа таква одлука.
Според хрватскиот министер за туризам, Гари Капели, земјата пречекала повеќе од 350,000 странски туристи кои доаѓаат од земјите на ЕУ.
Капели додаде дека тоа е сигнал дека Хрватска е навистина „безбедна и претпознатлива“ туристичка земја.