Министерката Шекеринска го посети Кампот за обука на вода на Армијата во Охрид

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска беше во работна посета на Кампот за обука на вода на АРМ во Охрид, каде на припадниците на единицата за прв пат им се обрати како на војници што се дел од НАТО капацитетите.

Можете да бидете задоволни и горди затоа што е завршена една голема работа. Членството во НАТО и зголемените буџети секоја години ќе ни даваат шанса многу повеќе да инвестираме во сите единици и во различни специфични делови од армијата…Целта ќе ни биде да инвестираме во подобра обука и во опрема без која не можете да ја вршите вашата работа, рече таа.

Шекеринска истакна дека изминатиот период активностите во рамки на Министерството биле насочени кон подобрување на малите работи што живот значат – подобри плати и услови за работа.

– Платите практично секоја година бележат покачувања, прво десет проценти, па пет, па покаќувањето за цивилните лица на служба во Армијата, оваа година и надоместокот за станарина. Ако во 2017 година еден професионален војник дома носел 20 илјади денари, сега тој со покачувањата прима повеќе од 31 илјада денари, рече таа, најавувувајќи нови униформи и за припадниците на единицата за обезбедување на границата на Охридското Езеро, но и редовни набавки на опрема за армијата во целост.

Шекеринска истакна дека подобрените услови за работа во армијата резултирааат и со зголемен интерес за професионален ангажман, потврдено со бројот лица пријавени на конкурсите за прием во АРМ. На последниот конкурс за 70 места за прием на професионални војници во АРМ биле пријавени повеќе од 700 кандидати.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната