По тримесечен прекин на летовите, полетаа првите патници кон повеќе дестинации од Меѓународниот аеродром во Скопје.
Бројот на патници, како што може да се види и од фотографијата, е вообичаен за скопскиот аеродром, кој сега работи под посебни протоколи. Сите патници носат заштитни маски и точно е определено растојанието од два метра кое треба да се држи додека се чека ред.
Првите летови од скопскиот аеродром се до Бремен, Ларнака, Стокхолм и Келн, а се очекува првиот авион со патници да пристигне со „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул.
Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид од денеска се повторно отворени за патнички летови, по прекинот на летовите кој почна во средината на март, поради пандемијата од Ковид-19.