ЕУ бара Венецуела да ја ревидира одлуката за протерување на нејзиниот амбасадор

Од:

ЕУ силно ја осудува одлуката на режимот на Николас Мадуро за протерување на нејзиниот амбасадор од Венецуела и бара од властите да се вратат на преговарачката маса.

Владата на Мадуро, која не е признаена од повеќето западни земји, му даде 72 часа на амбасадорот на ЕУ во Венецуела да ја напушти земјата.

ЕУ „длабоко жали“ што земјата продолжува меѓународно да се изолира и „цврсто ја осудува оваа одлука“, стои во официјалната реакција на високиот претставник за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, објавена вечерва.

-Длабоката политичка и социоекономска криза низ која минува Венецуела може да се реши само со мирно и компромисно решение помеѓу Венецуелците. Решението мора да се темели на кредибилни избори, признавање и почитување на улогата и независноста на сите демократски избрани институции, посебно Националното Собрание, како и ослободувањето на сите политички затвореници и почитувањето на човековите права и темелните слободи, порача ЕУ.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он