Боливија го тужи Чиле во спорот за излез на Тихиот Океан

Од:

Владата на Боливија поднесе тужба пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, за спорот што оваа земја го има со Чиле околу нејзиниот излез на брегот од Тихиот Океан.

Боливија го загуби излезот на Пацификот, во 19 век, по петгодишната војна со соседното Чиле, по што оваа јужноамериканска земја трајно остана без излез на море. Боливија е единствена на континентот која покрај Парагвај нема достап до ниту еден од двата океани што ја опкружуваат Јужна Америка.

Боливискиот претседател Ево Моралес изјави дека се одлучил на тужба, откако го „слушнал барањето на Боливијците“.

Ние ќе ја добиеме оваа битка, затоа што сме во право-рече претсетседателот Моралес.

Министерот за надворешни работи Давид Чоквехуанка, кој престојува во Хаг, за да ја предаде боливиската тужба, изјави дека неговата земја барала од Чиле да покаже добра волја во преговорите со Боливија, за да се постигне спогодба која на земјата ќе и овозможи целосен суверенитет во пристапот до Пацификот.

Владата на Чиле во Сантјаго отфрли секакви можности за преговори околу територијата на која претендира Боливија.

– Боливиските барања немаат ниту историска, а ниту правна основа, рече претставник на чилеанската Влада.

Двете земји имаат ограничени дипломатски врски уште од 1978 година, а со неуспех завршија сите досегашни обиди за дипломатско решавање на овој дамнешен спор. Сегашната граница меѓу двата соседа е од 1904 година, по договорот што тогаш го постигнаа Боливија и Чиле. Со овој договор Боливија загуби 400 километри морски брег откако беше поразена од Чиле во војната 1879-1884 година.

Боливијците од тогаш издржуваат мала морнарица и секоја година слават посебен празник – Ден на морето.

Би можело да ве интересира

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он

Речиси 150.000 хектари шума уништени во пожари во Боливија

А1он