Српскиот политичар Чедомир Јовановиќ е примен во болница во Белград со симптоми на воспаление на белите дробови, но засега не е потврдено дали се работи за инфекција со коронавирус и тој ги чека резултатите од тестот, јавија српските медиуми.
Претседателот на српската Либерал-демократска партија синоќа бил примен во болница откако претходно почувствувал повишена температура, а имал и симптоми на пневмонија.
Дел од српските медиуми пишуваат дека е можно Јовановиќ да се заразил откако бил во контакт со пријател кој бил позитивен.