Австралија ќе ги зајакне своите вооружени сили

Од:

Австралискиот премиер Скот Морисон најави дека неговата земја ќе набави ракети со долг дострел и ќе спроведува истражувања во областа на хиперсонични системи за оружје.

Тој го најави ова, „подготвувајќи се за нов, поопасен свет во периодот по пандемијата, а имајќи го предвид растечкото ривалство во индо-пацифичкиот регион“.

Лондонскиот весник „Гардијан“ пишува дека во утрешното обраќање Морисон ќе претстави план за зајакнување на австралиските воени сили, што подразбира посилни капацитети наменети за одвраќање на потенцијалните непријатели, затоа што, како што рече, „поради растечките тензии меѓу Кина и САД, регионот станува центар на доминантен глобален натпревар на нашето време“.

Според весникот, Морисон ќе ја објави својата намера да издвои 270 милијарди долари за набавка на нови и надградувања на постојните одбранбени капацитети во текот на следната деценија, што е значително повеќе од 195 милијарди, наменети за десетгодишниот период по 2016 година, кога беше објавена последната „бела книга“ на Министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа