Револтираните граѓани на Центар ја обвинија претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска дека ништо не презема да спречи уништување на зеленилото. Тие најавија дека битката ќе ја бараат преку судовите.
„Бев повикан од соседите, дека ги сечат дрвјата. Што да видиш? Катастрофа! Жално е, во сред Скопје. Дрво не остана во Центарот, особено во овој дел, намерно ова го прават. Дали е од партиски причини не знам. Овој дел се деградира, се уништува.
– Успеавме малку да направиме, се надеваме повеќе ќе успееме преку правна процедура. Ние нашето ќе го направиме понатаму, она што можеме, со наша сила, да се собереме пак, ако продолжат да работат.
– Во оваа земја, ова може да се случи кога владеат со нејзе две банди, една градска банда и другата дојдена од планина. Резултатите се гледаат, се е кажано. И оваа жена што продаваше демагогија, наводно зелена, чиста демагогија“, велат граѓаните на Центар.
Петар Клинчарски