Граѓаните на општина Центар присуствуваа и се бунеа против измената и донесувањето на деталниот урбанистички план на Скопје -вели Мирослав Шиповиќ.
Тој објасни дека со новиот урбанистички план на градот, се уништува зеленилото и слободниот простор на луѓето за движење.
„Деталниот урбанистички план за овој дел од Скопје, е донесен во пет часот наутро, на една маратонска седница, на која што присуствуваа и граѓаните од овој дел од Центар и на која што се бунеа против измената и донесувањето на ваков детален урбанистички план, бидејќи комплетно со сите измени на деталниот урбанистички план, прво се уништуваше зеленилото, „белите дробови“ на овој дел од градот, а потоа, бидејќи се лепат згради до веќе постоечки згради, се уништува имотот на луѓето, бидејќи му се намалува вредноста“, изјави Миросла Шиповиќ.
Петар Клинчарски