Сириските сили откриле тунели за снабдување на бунтовниците со оружје од Јордан

Од:

Сириските владини сили по преземањето на контролата врз местото Отаиба, источно од Дамаск, откриле голем број тунели за кои се препоставува дека биле користени за снадување на бунтовниците со оружје и муниција од соседен Јордан.

Како што јавија сириските државни медиуми, откриени биле повеќе тунели кои „терористите ги користеле за пренос на оружје и муниција од Јордан“.

sirija-tunel

Владините сили синоќа ја повратија контралата врз Отаиба, која претставува стратешки важна точка на патот што го поврзаува Дамаск со меѓународниот аеродром.

– Тоа е огромна победа за режимските сили и тежок удар за опозицијата, која сега се соочува со опасност да ја загуби контролата и врз други градови и села во реонот на Дамаск, оцени директорот на опозицискиот Сириски центар за мониторинг на човековите права, Рами Абдул Рахман.

Според Рахман, со загубата на Отаиба бунтовниците ќе се соочат со пробелеми при одбраната на своите упоришта јужно од Дамаск.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети