Шпанија со подршка за членството во НАТО

Од:

Билатералната воена соработка меѓу армиите на Република Македонија и на Кралството Шпанија е на високо ниво и во иднина ќе се подобрува со внесување нови содржини, заклучија началниците на ГШ на армиите, генерал-мајорот Горанчо Котески и генерал адмирал Фернандо Гарсија Санчез.

На средбата е разговарано за упатување припадници на АРМ на обука во Мадрид во Центарот за импровизирани експлозивни направи, како и за начинот на остварување на концептот за логистичка поддршка и за начинот за поддршка на единиците во меѓународните мировни мисии, особено на стратегискиот трнспорт што се извршува по воден пат.

– Значајно е и тоа што армискиот полигон Криволак е понуден на користење на воружените сили на Кралството Шпанија, особено во периодот на предупатна обука во мировни мисии, но и за изведување заедничники вежби, изјави началникот на ГШ на АРМ, Котески по средбата, потсетувајќи оти „Криволак“ во 2013 година ќе биде користен и веќе е потпишан договор со вооруижените сили на Кралството на Британија и САД.

Според генерал-мајорот Котески, денешната средба со адмиралот Гарсија Санчез ќе даде нов поттик за нова и поуспешна соработка на двете армии.

Генерал адмирал Фернандо Гарсија Санчез истакнувајќи дека АРМ и вооружените сили на Шпанија соработуваат во неколку различни операции под чадорот на НАТО, ЕУ и ОН, нагласи оти тоа претставува добар пример за тоа дека македонската Армија демонстрира и имплементира вистински стандарди.

– Шпанија ве поддржува на вашиот пат кон интегрирање во НАТО и во тој контекст ние би сакале да ја зголемиме биалтералната соработка во различни области, изјави генерал адмирал Фернандо Гарсија Санчез, кој ја предводи делегаицјата на вооружените сили на Кралството Шпанија во дводневна официјална посета на Република Македонија и АРМ.

Ова е прва официјална посета на АРМ на началник на ГШ на ВС на Кралството Шпанија, на која покрај унапредувањето на билатералната воена соработка, ќе се разговара и за искуствата на АРМ од учеството во мисиите предводени од НАТО и ЕУ и за трансформацијата на АРМ.

Билатералната соработка на полето на одбраната со Кралството Шпанија официјално е воспоставена во октомври 2009 година, со потпишување Меморандум за соработка помеѓу министерствата за одбрана. Во изминативе две години, соработката на АРМ со ВС на Кралството Шпанија се одвива на полето на военото образование и јазичната обука, обуката на клучни специјалности пред упатување во мисијата ИСАФ во Авганистан, како и обука за проверка на воздухопловни радионавигациски уреди.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски

Русите го затворија Каспиското Море за НАТО

Руте: Војната во Украина е дел од глобалната борба за моќ меѓу САД и Кина

Адмиралот на НАТО призна зошто не ја испраќа војската во Украина

Горан Наумовски

Русите имаат нова цел: Одиме на „Езерото на НАТО“