Во Холандија почна аукција за 5Г фреквенции

Од:

Со учество на некои „големи играчи“ во телекомуникацискиот сектор, во Холандија почна првата државна аукција на 5Г фреквенции, а најнискиот очекуван приход изнесува 900 милиони евра.

Предмет на аукцијата се фреквенциските опсези од 700, 1.400 и 2.100 мегахерци, а покрај домашната телекомуникациска компанија КПН, учествуваат и „Водафон“ и „Т-мобиле“.

Според правилата, аукцијата мора да заврши до 1 август, но можно е тоа да се случи и порано, а ниту една од заинтересираните компании нема да може да откупи повеќе од 40 проценти од кој било фреквенциски опсег.

Иако „Водафон“ во април објави дека почнал да обезбедува 5Г телекомуникациски услуги, кога станува збор за воведување на таа технологија, Холандија заостанува во однос на некои други европски земји.

Аукцијата на фреквенцискиот опсег од 3,6 гигахерци – кој во јавноста најчесто се поврзува со 5Г технологијата – е одложена до почетокот на 2022 година, поради преместување на еден сателитски систем кој би можел да го попречува функционирањето на таа технологија.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина