Носителката на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица, Дафина Стојаноска, за време на денешната посета на Јегуновце рече дека нејзината партија има план да ја намали невработеноста во земјата под 10 проценти.
„На 15 јули народот во Македонија ќе расчисти со Зоран Заев, а потоа ќе започне обновата на Македонија, обнова во која платите ќе бидат поголеми за 25%, невработеноста ќе падне под 10%, земјоделците ќе добијат 640 милиони евра во субвенции и загарантиран откуп, пензионерите повисоки пензии за 20%, природен гас до секој дом, а Тетово ќе добие универзитетска клиничка болница,“ рече Стојаноска.