А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

132 нови случаи на Ковид-19, 12 починати

by А1он29/06/2020 - 15:3330/06/2020 - 10:071044
Share0

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-57, Куманово-10, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-7, Тетово-19, Струга-3, Велес-4, Битола-1, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Пробиштип-2, Свети Николе-2, Ресен-1.

Следете a1on на Instagram Instagram

Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст 56,69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години. Во болницата во Штип е починат пациент на возраст од 81 година. Во Гостивар е починат пациент на 70 години. Во Тетово е починат пациент на 62 годишна возраст.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во Институтот за белодробни заболувања за деца- Козле почина пациентка од Скопје 83 години, потврдена позитивна денес.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти од: Скопје-42, Штип-40, Прилеп-1, Тетово-16, Велес-1, Гостивар-5, Кочани-2, Пробиштип-3, Свети Николе-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6209, бројката на оздравени пациенти е 2427, на починати е 298, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3484.

Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3006, активни 1986
• Куманово 750, активни 293
• Дебар 92, активни 40
• Штип 332, активни 148
• Прилеп 257, активни 33
• Тетово 681, активни 366
• Струга 218, активни 133
• Велес 182, активни 37
• Битола 50, активни 17
• Охрид 167, активни 143
• Кавадарци 15, активни 9
• Гостивар 117, активни 62
• Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 15, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 69, активни 22
• Пробиштип 17, активни 9
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 4, активни 2
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 2, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 27, активни 23
• Кичево 30, активни 25
• Ресен 100, активни 94
• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 868 теста се преку: ИЈЗ –660, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –0, Биотек –0, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -25, Судска медицина-0, Систина со PCR метода -73, ЦЈЗ Битола-, лабораторија Лаор- 0. Досега во земјата се направени вкупно 59.633 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот, велат од Министерството за здравство.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, две деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 136 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 78 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19, соопштува МЗ.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео