Поранешниот сопственик на „Агрокор“ Ивица Тодориќ денеска одби да се изјасни по обвинението, кое го товари него и неколку негови соработници дека ја оштетила компанијата за повеќе од 1,2 милиони евра.
– Не сакам да се изјаснам за оваа глупост, рекол Тодориќ, пренесува загрепскиот портал Телеграм.
Во овој случај, обвинети се и поранешните менаџери на „Агрокор“ Анте Хуљев и Пирушка Цањуга, како и швајцарската државјанка Никол Де Роси. Сите денеска се изјаснија дека не се виновни.
По рочиштето, Тодориќ им рече на новинарите дека „Агрокор“ била приватна компанија во која сите биле задоволни.
– Јас не се бранам и нема да се бранам, но ве уверувам дека ова е срамно, оцени Тодориќ.
Обвинението го товари Тодориќ, дека заедно со соработниците „испумпале“ од „Агрокор“ 1,2 милиони евра, односно дека парите завршиле на сметката на швајцарската компанија „Сигман Инвест АГ“.
Истрагата против Тодориќ и 14 други лица осомничени за оштетување на „Агрокор“ е почна во октомври 2017 година.