ВИДЕО: Бројот на жртвите во Бангладеш се зголеми на 160

Од:

Бројот на жртвите од рушењето на зградата во Бангладеш се зголеми на 160 и најверојатно билансот на загинати ќе се зголемува, бидејќи се уште има многу заробени под рушевините на осумкатницата во предградието Даке, соопшти полицијата.

Според медицинскиот персонал на Универзитетската болница во Енам, болниците во Савар и околината се преполни со пациенти со сериозни повреди, на главата и градниот кош, додека многумина останале и без екстремитетите.

zgrada-daka-161-1

Заменик командирот на полицијата А.Б.М. Масуд Хосаин изјави дека повеќето од жртвите се жени кои работеле во погоните на пет фабрики за текстил.

Противпожарните екипи и војската успеаа да извлечат околу 2000 лица под рушевините, но се уште има многу заробени кои чекаат да бидат спасени.

Од осумкатницата во предградието Савар, на 30 километри од центарот на Дака, остана само приземниот дел откако се сруши вчера околу девет часот, а за која еден министер изјави дека е незаконски изградена.

-Целата зграда се сруши во рок од неколку минути. Повеќето работници немааа можност да побегнат. Се уште слушаме слаби гласови на заробените под рушевините, изјави директорот на националната противпожарна служба Ахмед Али.

Преживеаните се пожалиле дека во вторник вечерта се појавиле пукнатини на зградата, поради што вработените биле евакуирани, но против нивна желба, им било наредено да се вратат на производствените линии.

Bangladesh Building Collapse

Локалните меидуми пренесоа дека сопственик на зградата бил локален шеф на младинскиот огранок на владеачката партија на Бангладеш, кој е спасен од рушевините.

Министерот за внатрешни работи на Бангладеш, Мухиудин Кан Аламгир изјави дека во текот на изградбата се нарушени градежните прописи и дека одговорните ќе бидат казнети, бидејќи сопственикот имал дозвола за изградба на петкатница, но дека тој самоволно ги додал останатите катови поради што дошло до оптеретување на конструкцијата, пренесе „Асошиејтед прес“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници