от „Сан“ е обвинет за давање поткуп во вредност од 23.000 британски фунти во замена за информации за кралското семејство, соопштува британското обвинителство.
Главниот кралски дописник Данкан Ларком заговарал вработени во престижната воена академија „Сендхурст“ за добивање информации поврзани со британското кралско семејство.
Принцовите Вилијам и Хари пред неколку години се школуваа во академијата.
Ларком е уште еден од вработените во „Сан“, против кого се покренати обвиненија за поткуп во врска со скандалот за телефонско прислушување од медиумите во Велика Британија.