Најдобар борец против пролетниот замор е правилната исхрана. Сезонската храна е ваш сојузник, а посебно зелениот лиснат зеленчук што го чисти телото од токсини.
Нутриционистите советуваат дека треба да се почне со шолја зелен чај, а дека најдобро е секој оброј да го почнете со зелена салата, бидејќи така му помагате на организмот полесно да ја вари храната. Секако треба да се јаде и во текот на оброкот.
Исто така е многу важно зелениот лиснат зеленчук минимално термички да го обработувате, за да задржи што е можно повеќе корисни состојки.
Коприва
Копривата е совршена кога станува збор за здрава исхрана. Богата е со калциум, магнезиум, цинк, манган, бакар и витамин К и Ц. Сега се користат младите листови, а можете да ја подготвите и додаток на чорби, пити или едноставно од неа да сварите чај. Им помага на болните од анемија, ревматизам, заболувања на жолчката и црниот дроб, и е одличен диуретик.
Блитва
Блитвата содржи витамин Ц, бета-каротен, калиум, манган, железо, калциум, добар е диуретик и корисна е за имунитетот. Благодарение на антоцијаните и бета-каротенот, го штити организмот од рак на дебелото црево и ја чува кожата. Освен тоа, содржи доволно магнезиум и калциум кој на коските им дава цврстина, а тука е и витаминот А кој е корисен за видот.
Блитвата го спречува и високиот притисок.
Спанаќ
Спанаќот е најхранлива намирница, полна со витамини и минерали. Многу е важно кратко да го варите, околу една минута, за да ги задржи хранливите состојки во кои спаѓаат калциумот, магнезиумот, железото, витамините Ц, А, К и фолна киселина.
Разни студии покажале дека конзумирањето спанаќ делува заштитно кога станува збор за оксидативен стрес на мозокот, како и дека се намалува деградацијата на мозочните функции како последица на стареењето.