Бесплатен фитнес на „Коце Кабана“

Од:

Од утре вечер сите граѓани кои сакаат да се рекреираат и вежбаат ќе можат да бидат дел од проектот на Град Скопје „Бесплатен фитнесе за сите граѓани на Град Скопје“ на Градската плажа Парк.

Од 19,30 часот утревечер, фитнес инструктори од студиото „Топ Форма“ еден час ќе одржуваат вежби по зумба, фитнес и аеробок на Градската плажа „Парк“.

Бесплатните фитнес часови на отворено ќе се одвиваат на градската плажа , на кејот на реката Вардар, секој четврток во текот на летниот период.

Со бесплатниот фитнес, велат од Град Скопје, на градската плажа Парк ќе се збогати содржината за сите пешаци, рекреативци и спортисти коишто редовно го посетуваат тој дел од кејот на реката Вардар, а ќе се поттикнат и сите останати граѓани да дојдат и да спортуваат.

Со мотото „Вежбаме – здрави сме”, Град Скопје и Виталиа, ќе влијаат на подобрување на животниот стил и здравиот начин на животот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан