Енрико Лета доби мандат да состави нова влада во Италија

Од:

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано го назначи денеска заменик-претседателот на левоценстристичката Демократска партија Енрико Лета за мандатар за составување на нова влада на Италија.

Наполитано се одлучил за 46-годишниот политичар, поранешен државен секретар на Министерскиот совет, по консултациите со политичките партии и парламентарните фракции за надминување на кризната ситуација по изборите на 24 и 25 февруари.

Лета е внук на долгогодишниот шеф на кабинетот на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, Џани Лета.

Заменик-претседател на Демократската партија, која го освои првото место на предвремените избори, кои не дадоа убедлив победник, се смета за умерен политичар, прифатлив и за конзервативците.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски