Последните кола од репрезентативните тениските натпреварувања Дејвис Купот и Купот на Федерациите 2020 се одложени за 2021 година, јави прес-службата на Меѓународната тениска федерација.
Финалето на Дејвис купот требаше да се одржи во Мадрид од 23 до 29 ноември 2020 година, а новиот датум за старт на турнирот е 22 ноември 2021 година.
Финалето на Купот на Федерациите требаше да се одржи во Будимпешта од 14 до 19 април 2020 година, но беше одложено поради пандемијата на коронавирусот. Новите датуми за турнирот се од 13 април до 18 април 2021 година.