Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот „Борис Трајковски“

Од:

Поради асфалтирање на дел од булеварот „Борис Трајковски“, од поранешната фабрика „Стакларница“ до бензинската пумпа „Марија трејд“, утре и задутре на оваа делница ќе се воведе привремен сообраќаен режим. Протокот на возила ќе биде регулиран со знаменца.

Привремен сообраќаен режим наредните два дена ќе се воведе и на крстосницата кај населбата Усје, заради асфалтирање на коловозот.

Град Скопје апелира граѓаните да покажат разбирање додека траат градежните работи на булеварот „Борис Трајковски“ и да ја користат околната патна мрежа. Градските власти ги повикуваат граѓаните да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози