Камион прегази пешак на крстосница во Тетово

Од:

Лицето Н.В. на возраст од околу шеесет години денеска околу 12 часот и 45 минути го загубил животот откако бил прегазен од камион со приколка со кумановски регистарски таблички што го управувал А.М.(32) на крстосницата од улиците „Борис Кидрич“ и булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово.

Според очевидци на настанот, пешакот бил зафатен од приколката додека ја минувал улицата и не забележал дека на камионот има и приколка.

Полицијата извршила увид заедно со истражен судија, јавен обвинител и лекар по судска медицина и се работи на расчистување на сите поединости. Кај починатиот не биле пронајдени никакви лични документи.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски