СДСМ: „Скопје 2014“ е финансиски скандал и гнасење на народните пари

Од:

СДСМ реагира за, како што велат, т.н. „отчетна“ прес-конференција на Министерката за култура и поранешниот градоначалник на Центар.

Советот за култура при СДСМ, се вели во соопштението, се спротивставува на замајувањето на јавноста, што Министерката за култура и поранешниот градоначалник на Центар го изведоа со долгометражната прес-конференција за проектот „Скопје 2014“, глумејќи отчетност откако граѓаните ги казнија токму за зулумот и за срамот што ѝ беше нанесен на државата преку него. Таа прес-конференција само го потврди она што граѓаните одамна го знаеја.

„Дека проектот, меѓу другото, е и финансиски скандал, не „перење“, туку „гнасење“ на тешко спечалените народни пари, потрошени на астрономски и со ништо заслужени хонорари и набавки на реквизити по цени на кои би им позавидел и емирот од Катар.Советот за култура при СДСМ предупредува дека проектот „Скопје 2014“ не треба да се исцрпува само како финансиски скандал. Да потсетиме дека Скопје не осамна на насловните страници на сите светски весници по финансискиот скандал, туку и како „престолнина на кичот“, односно дека срамот на нацијата беше нанесен по многу други основи“, стои во соопштението..

Штетноста на овој проект, смета СДСМ, е што зад површинската појавност на една измамничка архитектонска и скулптурална претстава ги урива вредносните системи во културата, ги суспендира уставноста и правната држава, ја злоупотребува историја и ги поместува темелните камења на националниот идентитет.

„Скопје 2014“ не произлегува од подлабокото разбирање на културата и нацијата, ниту од професионалната уметничка или архитектонска мисла и практика. Тој проект е политичко-пропаганден манифест на партијата на власт, демонстрација на самовластие на еден човек кој ги донесува сите урбанистички, архитектонски и споменички одлуки. Ова самовластие се реализира низ инфраструктурата на државните органи, со јавни средства, а се изведува како вид културен инженеринг кој сака да го промени идентитетот на нацијата и граѓаните да ги држи во потчинетост со помош на еден помпезен и мегаломански (а всушност, брутално простачки) национализам.

Голем проблем на „Скопје 2014“ е што е донесен и изведен по сосема недемократски пат, со кршење, заобиколување и насилно преправање на процедурите. Очекуваме ревизијата да ја разоткрие правно-процедуралната и културната димензија на случајот; да даде одговор на прашањата кој е автор на целиот проект, по чија иницијатива и со какви намери е покренат, зошто и како се носени одлуките, кој дал согласност и врз основа на какви стандарди и критериуми се дадени дозволите“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда