Животниот стандард на најсиромашните Французи дополнително е намален за време на кризата во 2010 година, за разлика од богатите кои во истиот период станале уште побогати, се вели во податоци на Заводот за статистика на Франција, Инсее.
Просечниот доход на француските домаќинства на годишно ниво во 2010 година бил 19.270 евра, а на месечно 1.610 евра – 0,5 отсто помалку во однос на 2009 година. Но, во анализата се вели дека сиромашните реално почувствувале многу поголем пад на стандардот бидејќи доходите на пет отсто најбогати Французи не само што не се намалени тукусе зголемени за 1,3 отсто.
Приходите на 30 отсто најзагрозени француски домаќинства се намалени за 1,3 до 1,6 отсто. Во исто време, приходите на најбогатите домаќинства во истиот период се зголемени за 0,3 отсто. Бројот на лица кои се раб на сиромаштија во Франција во 2010 година е зголемен за 440.000 во однос на 2009 година.