Општина Кисела Вода по извршената реконструкција на патот кој води кон познатото излетничко место „Три круши“, лоцирано во селото Драчево, со поставување на 23 нови столба истиот целосно го осветли.
Од Општина Кисела Вода информираат дека во должина од 660 метри е асфалтиран патот, а на два краци кои водат до куќите на жителите, во должина од 220 метри е поставен павер-елементи.
Со ова, велат од Општината, на граѓаните им е овозможено лесно и безбедно да стигаат до своите домови, до црквата Св. Петка, а и до нивната омилена локација за пикник.