Во Тајван прв случај на птичјиот грип H7N9

Од:

Тајванските власти потврдија дека е регистриран прв случај на заболување од новиот смртоносен вирус на птичји грип H7N9. Центарот за контрола на болести соопшти дека заболел еден 53-годишник и дека е утврдено оти е заразен со вирусот H7N9 откако престојувал во источната кинеска провинција Киангсу на 9 април.

Од Центарот не го открија идентитетот на заболеното лице ниту дадоа детали за неговата здравствена состојба, освен што кажаа дека имал висока температура и треска три дена. Кина и Тајван имаат блиски економски и трговски врски. Околумилион Тајванци живеат на реалција меѓу двете земји и околу 6.000 кинески туристи го посетуваат Тајван секојдневно.

Вирусот на птичји грип H7N9 ги вознемири Кинезите изминатиот месец откако заболеа над 100 лица.

Од вирусот досега починаа 20 лица во Кина.

Би можело да ве интересира

Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип

АХВ: Потврден е случај на присуство на вирусот на Птичји грип во Зоолошката градина во Скопје

Земјотрес го погоди Тајван

Тајван: Ако Кина сака наша територија, треба да побара и земја од Русија

Работници на живинарска фарма во Колорадо се заразиле со птичји грип

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван