Помпео бара САД и ЕУ заеднички да ѝ се спротивстават на Кина

Од:

САД и Европската унија мораат да најдат разбирање во врска со Кина за да можат да ѝ се спротивстават, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео, нарекувајќи ја Кина „закана“, па дури и обвинувајќи ја за кражба на европската интелектуална сопственост заради развојот на нејзината економија.

Помпео изјави дека го прифатил предлогот на шефот на европската дипломатија Јосеп Борел, кој месецов предложи создавање официјален американско-европски дијалог за Кина.

Помпео наскоро ќе отпатува за Европа, каде ќе се организира првата сесија од тој дијалог.

„Видливо е трансатлантското будење кон вистината за тоа што се случува,“ кажа Помпео во видео обраќањето.

„Не станува збор за САД, кои и се спротивставуваат на Кина, туку за светот што се спротивставува на Кина“, додаде тој.

Брисел, како и Вашингтон, е загрижен за предаторските трговски пракси на Кина, но ЕУ се обидува да оди по средниот пат меѓу Кина и САД.

Претставниците на ЕУ, најголемиот трговски блок во светот, во понделеникот разговараа со кинеските лидери и на Пекинг гледаат како на партнер во борбата против климатските промени, но и на економски ривал.

Помпео рече дека ЕУ треба да дејствува против Кина, која ја обвини за кражба на европска интелектуална сопственост и кршење на трговските правила, за да се заштитат европските економии, а не да се задоволат  САД.

„Тие имаат пристап до нашите пазари на капитал, каков што ние немаме кај нив,“ рече Помпео.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски