Во полициската станица во Кичево денеска во раните утрински часови околу 4:50 часот, пријавена е експлозија на плинска боца и самозапалување на патнички автомобил „Поло“ со кичевски регистарски ознаки, информира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.
Притоа, со изгореници се здобил возачот З.Р. (26) од Кичево, кој веднаш бил пренесен во Општата болница.
Пожарот во внатрешноста на автомобилот бил изгаснат од вработени во блиската бензиска постојка на улицата „11 октомври“ во Кичево, појасни Димоски.