Од новите 153 дијагностицирани со Ковид-19 од тестирањата во изминатите 24 часа, најголем број, 66 случаи се од Скопје. Според податоците на Институтот за јавно здравје, во градот досега се дијагностицирани 2.730 случаи, а активни се 1.800.
Меѓу општините на Град Скопје најголем број активни случаи на Ковид-19 има во Чаир – 416, следат Гази Баба со 151 случаи, Сарај со 138, Бутел со 136 случаи, Аеродром со 141 случаи, Центар со 123 случаи, Карпош со 121 случаи и Кисела Вода со 109 случаи.
Активни случаи има и во Студеничани – 94, Ѓорче Петров – 88, Шуто Оризари – 77, Арачиново – 51, Илинден – 32, Петровец – 16, Чучер Сандево – 17, Сопиште – 12, Зелениково – 2, тројца странци и седум нераспределени.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.595, бројката на оздравени пациенти е 2.166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.164.