Тројца скопјани и еден полициски службеник лишени од слобода, во автомобилот имале дрога и пиштол

Од:

Тројца скопјани и еден полициски службеник кој не бил на должност, синоќа се задржани во полициска станица. По извршената контрола на автомобилот со кој се превезувале, најдени се оружје и ќеса со остатоци од наркотична дрога. Во меѓувреме, полицијата привела уште неколку лица кои се сомничат дека се поврзани со овој случај.

Од СВР Тетово информираат дека по контролата на автомобил синоќа во 21 часот и 40 минути, на улица „Илинденска“ во Гостивар, биле ги лишиле од слобода: Е.В.(29), М.К.(20), Л.Б.(24) сите од Скопје и М.К.(25), полициски службеник од Скопје.

– Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар-Полициската станица Гостивар, ги лишиле од слобода, велат од СВР Тетово

Лишувањето настапило откако по извршениот преглед врз патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал М.К.(25) било пронајдено огнено оружје – непозната марка, со рамка и осум куршуми како и ќеса со остатоци од прашкаста материја.

За случајот е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Од СВР Тетово информираат дека по преземените мерки за целосно расчистување на случајот, синоќа и денеска се приведени уште неколку лица кои се сомничат за поврзаност со овој случај.

Би можело да ве интересира

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово

Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Еден загинат, двајца тешко повредени во три сообраќајни несреќи

Катерина Ѓуровски

Скопјнец пикнал малолетник во багажник за да му каже кој му го удирал возилото со снежни топки