Муслиманите од земјите на ЕУ војуваат со бунтовниците во Сирија

Од:

Стотици муслимани од земјите на Европската унија војуваат во единиците на бунтовничките сили во Сирија, вели за Би-Би-Си раководителот за антитероризам во Унијата Гилс де Керкова. Тој предупредува дека тие се безбедносна закана за земјите од каде заминале и за целата ЕУ, кога ќе се вратат назад од сирискиот фронт.

Според проценките на Де Керкова во Сирија војуваат околу 500 европски муслимани кои илегално заминале во оваа змеја, за да им се приклучат на разните бунтовнички групи кои војуваат за да го соборат од власт претседателот Башар ал Асад.

Европските разузнавачки агенции уште од порано предупредија дека дел од овие луѓе се поврзан со бунтовничките групи кои се под контрола на терористичката мрежа на Ал Каеда. Од нив доаѓа и најголемата закана за безбедноста во ЕУ, затоа што ќе се вратат уште повеќе радикализирани од времето пред да заминат за сирискиот фронт, ќе останат да бидат во врска со мрежата на Ал Каеда и ќе бидат оспособени за војување и за терористички акции.

Најголем број муслимани има од Велика Британија, од Франција и Ирска.

– Не мора сите што ќе се вратат од војувањето во Сирија, автоматски да бидат и радикални, но сите тамусе радикализирани и воено оквалификувани, рече за Би-Би-Си, Гилс де Керкова.

Разузнавачките агенции во ЕУ настојуваат да го откријат идентитетот на овие луѓе, а британските и белгиските служби и да утврдат колкумина муслимани од нивните земји се борат на сирискиот фронт. Во Холандија веќе се прават и посебни безбедносни мерки за времето кога сегашните борци во Сирија ќе се вратат дома, во Европа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија