Наскоро пред Влада протоколот за организирање јавни настани

Од:

Вицепремиерката задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Венко Филипче и Дамјан Манчевски, и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, денеска во „Паркот на Франкoфонијата“, одржаа работен состанок со преставници од Здружението на културни работници, со кои разговараа за предлог протоколот за организација на јавни настани, вклучувајќи ги и поголемите културно-забавни манифестации во услови на коронавирусот Ковид-19.

Царовска и останатите присутни министри на состанокот истакнаа дека Владата ќе ја разгледа оваа иницијатива од културните работници и ќе постапи во согласност со мислењата и препораките што ги дава Комисијата за заразни болести.

Преставниците на Здружението, пак, посочија дека организацијата на настаните како што се концерти и фестивали е возможна и во услови кога светот се соочува со пандемијата, доколу истите се прават под строго утврдени протоколи за заштита на здравјето на присутните.

Здружението е подготвено преку кампањи за подигање на јавната свест да ги информира граѓаните за условите под кои би се одржувале настаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски