Жестоки судири околу воениот аеродром Миниг на северот на Сирија

Од:

Сириските бунтовници денеска водат жестоки борби со војниците од владиниот режим за прв пат во комплексот на воениот аеродром Миниг во северниот дел на земјата, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Директорот на таа организација со седиште во Лондон Рами Абдел Рахман изјави дека бунтовниците, кои со месеци беа распоредени околу аеродромот, прв пат влегле во големиот коплекс на аеродромот.

– Тешки борби се уште се водат од изутрината на теренот на аеродромот, изјави Рахман.

Бунтовниците вчера зазедоа клучни позиции надвор од аеродромот во провинцијата Алепо, што им овозможи да преземат напад во самиот комплекс. Група војници од владините сили која се обиделе да дојдат до аеродромот за да им помогнат на тамошните трупи, биле пресретнати од група курдски борци кои убиле девет војници, изјави претставникот на Опсераваторијата.

Бунтовниците повеќе пати се обидуваат да го заземат аеродромот Миниг, клучното упориште на владините сили во провинцијата Алепо. Од почетокот на годината бунтовниците водат, како што велат, „битка за аеродромот во Алепо“ во настојување владините сили да останат без клучниот пат за снабдување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија