НБА-ветеранот и носител на шампионски прстен, Џеј Ар Смит, кој во моментов е слободен играч, е најверојатниот кандидат за замена на Ејвори Бредли во Лејкерс, објави инсајдерот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.
Претходно, Бредли објави дека одбива да учествува во продолжението на сезоната во НБА лигата од семејни причини.
34-годишниот Смит играше со сегашниот најдобар играч на Лејкерс, Леброн Џејмс, ва Кливленд, а заедно станаа шампиони во лигата во 2016 година.