20-то финале на Купот на Македонија во ракомет заврши со победа на Вардар Про против Металург со 26:23.
Екипата на Металург добро влезе подобро во натреварот имаше и највисоко водство од четири гола разлика со 11:7 потоа и 12:8, меѓутоа на полувремето резултатот беше 14:13 за Металург.
Во 51. минута резултатот одново беше изедначен, прв пат по почетокот на вториот дел, односно од 14:14 Металург имаше константно водство. Во тој момент тренерот на Металург, Червар, става играч со маркер, а го вади голманот и ризикот не се ислатеше, Вардар постигнува гол и доаѓа во водство од 21:20. До крајот Вардар го зголеми водството за конечни 26:23.
Наумче Мојсоски беше прогласен за најдобар играч со 7 погодоци, а Дарко Станиќ за најдобар голман со 14 одбрани, но и Миниќ на голот на Вардар заврши добра работа со 13 одбрани.
2008 година Вардар Про последен пат го освои Купот на Македонија. Ова беше 13. финале за Вардар и осма титула, а имаат и седум титули во првенството.