Австралиската полиција приведе член на меѓународната хакерска група „ЛулзСек“ (LulzSec), која ја презеде одговорноста за нападот на сајтот на американската ЦИА.
Сиднејската полиција синоќа го уапси 24-годишен специјалист по информатички технологии, кој имал одговорна позиција во меѓународна компанија.
Тој е обвинет за хакерски напад, за што е предвидена максимална казна од 10 години затвор.
„ЛулзСек“ е огранок на хакерската група „Анонимуси“.