САД и Катар ќе продолжат да ја поддржуваат сириската опозиција

Од:

Претседателот Барак Обама во Белата куќа разговараше со емирот на Катар, Хамад бин Халифа Ал Тани, по што изјави дека САД и Катар ќе продолжат да ја поддржуваат сириската опозиција, пренесоа американските медиуми.

Државниот секретар, Џон Кери, во неделата изјави дека САД двојно ќе ја зголемат помошта за опозицијата со испораки на несмртоносна техника за дополнителните 123 милиони долари – блиндирани транспортери, очила за ноќно гледање и панцири.

– Тесно соработуваме со Катар и со другите земји за да се обидеме да го прекинеме колежот во Сирија и да постигнеме повлекување на претседателот Асад, кој не покажа никакво почитување кон својот народ, рече Обама пред новинарите во Овалната соба, по средбата со емирот.

„Во следните месеци ќе продолжиме да работиме за да и помогнеме на сириската опозиција“, додаде Обама.

Емирот изјави дека неговата земја се надева дека ќе се најде решение, со кое ќе се стави крај на крвопролевањата во Сирија, сегашната влада да се повлече од власта и да отстапи место на други, кои ќе работат за демократија.

Ниту еден од двајцата соговорници не го зафати прашањето за хемиското оружје, забележаа француските медиуми.

Во последните недели Обама во Белата куќа прими повеќе блискоисточни лидери, меѓу кои и саудискиот министер за надворешни работи и престолонаследникот на Абу Даби. Во петок негов гостин ќе биде јорданскиот крал Абдула Втори, а во мај турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, додаваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски