Европски пратеници бараат да се спречи анектирањето на Западниот Брег од страна на Израел

Од:

Вкупно 1.800 европски пратеници од 25 држави ги повикаа своите лидери да ги спречат плановите на Израел да анектира делови од окупираниот Западен Брег.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху планира да го започне процесот следната недела, откако склучи договор за коалициска влада минатиот месец.

Во писмо, објавено во весници и испратено на европските министри за надворешни работи, 1.800 пратеници пишуваат дека се „многу загрижени од таквиот преседан во меѓународните односи“.

– Таквиот потег ќе биде фатален за плановите за израелско-палестинскиот мир, наведуваат потписниците на писмото, додавајќи дека „блискоисточниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за жал отстапува од меѓународно договорените параметри и принципи“.

Пратениците ја пофалија долгорочната посветеност на Европа за мирно решение на израелско-палестинскиот конфликт, но настојуваат европските лидери да постапат решително како одговор на тој предизвик.

– Европа треба да ги обедини меѓународните актери за да ја спречи анексијата, повикуваат пратениците.

Брисел му се закани на Израел со санкции доколку Нетанјаху го анектира Западниот Брег.

Повеќето потписници на писмото се членови на левичарски партии, а околу една четвртина од нив се од Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Израелската армија влезе во Либан: Велат дека вршат „ограничени копнени операции“

Нетанјаху му се обрати на иранскиот народ: „Ќе бидете слободни и побрзо отколку што мислите“

Предраг Петровиќ

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

ВИДЕО: Подготвени сме за копнената офанзива на Израел порача заменик-шефот на Хезболах

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

ВИДЕО: Израел собори беспилотно летало над морето, објавено видео