Велешкото јавно обвинителство предложи парична казна од 800 евра за четири лица

Од:

Парични казни во висина од 800 евра во денарска противвредност побара велешкото јавно обвинителство за четири лица, кои го прекршиле полицискиот час.

Основното јавно обвинителство Велес до надлежен суд денеска поднесе предлози за издавање казнени налози за четири лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите во одделни кривично правни настани, го прекршиле полицискиот час, односно постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Обвинителството му предложи на Судот да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби со износ од по 20 евра, односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска