Министри за надворешни работи на државите членки на НАТО, денеска се сретнаа во Брисел, за да разговараат за конфликтот во Сирија и повлекувањето на НАТО силите од Авганистан за идната година.
Зборувајќи за Сирија генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен изјави дека не може да го игнорира ризикот од региналното ширење на конфликтот.
Претходно, НАТО во Турција долж со границата на Сирија стационираше антиракетни батерии од типот Патриот, бидејќи неколку турски села беа погодени од огнот.
Кога станува збор за Авганистан, коалицијата ќе продолжи да работи за поддршка на авганистанските сили по 2014 година.
Новиот американски државен секретар Џон Кери денес по прв пат се сретна со својот колега во НАТО.
Шефот на американската дипломатија ќе биде домаќин на утрешниот секретар во Брисел со авганистанскиот претседател Хамид Карзаиј и високите пакистански функционери.
Елена Георгиевска