Обвинителството во Софија започна обвинение против четири официјални лица од бугарското министерство за внатрешни работи, поради незаконско прислушкување на повеќе политичари и бизнисмени.
Според законот, надледувањето и прислушкувањето е дозволено само во рамките на истрагата за криминални дела, на кои им се заканува казна од најмалку пет години затвор.
Помеѓу обвинетите е и директорот на министерството задолжен за надгледување, Сергеј Катсаров. Доколку се докаже дека тој е виновен, му се заканува казна затвор до пет години.
На соработникот на Катсаров му се заканува истата казна, бидејќи е осомничен дека избришал некои снимки од прислушкувањето, за да ги измами правосудните органи.
Три години затвор им се закануваат на две официјални лица од министерството, кои се обвинети дека своите обврски ги извршиле неадекватно.
Предвремените парламентарни избори во Бугарија се закажани за 12-ти мај, но аналитичарите оценуваат дека аферата за прислушкување нема да има големо влијание врз нив.
Претседателот на Социјалистичката партија, Сергеј Станичев во март на обвинителството му даде да провери еден анонимен извештај со податоци за бројни кршења на закони за надгледување и прислушкување.
Според официјалните податоци во текот на 2011 година во Бугарија се забележани 13.624 случаи на прислушкување, од кои само пет проценти се искористени како доказен материја на судења.
Елена Георгиевска